Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата во Дебрца беше оддадена почит на водникот Игор Костески кој го загуби животот во Вејце.

Заедно со припадници на специјалната единица “Волци”, боречката организација за Охрид и Дебрца, месната заедница, роднини и месно население денес, во село Слатино, Славна Дебрца се потсетивме на најтажниот ден во поновата македонска историја, денот кога пред 22 години, кај Вејце, Тетово на подмолен начин беа убиени и масакрирани 8 припадници на вооружените сили на Република Македонија, 4 припадници на специјалната единица на АРМ “Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и 4 припадници на посебната единица на СВР Битола, напиша на фејсбук профилот градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Вејце не смее ниту да се заборави, ниту да се прости. Нека им е вечна слава на македонските херои, стои во објавата на Ногачески.

OhridNews