„Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња ‘ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв, без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“ беа последните зборови напишани од водникот Игор Костески во неговиот нотес кои го носел секогаш со него, пред трагичната и маченичка смрт кај тетовското село Вејце, 2001 година.
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата во Дебрца беше оддадена почит на водникот Игор Костески кој го загуби животот во Вејце.
Заедно со припадници на специјалната единица “Волци”, Армијата на Република Македонија, ветераните од одбраната и безбедноста, боречката организација за Охрид и Дебрца, месната заедница, роднини и месно население денес во село Слатино, Славна Дебрца се потсетивме на најтажниот ден во поновата македонска историја, денот кога пред 24 години, кај Вејце, Тетово на подмолен начин беа убиени и масакрирани 8 припадници на вооружените сили на Република Македонија, 4 припадници на специјалната единица на АРМ “Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и 4 припадници на посебната единица на СВР Битола. Нека им е вечна слава на македонските херои, вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
OhridNews