Денес на Славеј Планина во Дебрца се одбележаа 80 години од формирањето на првата организирана воена формација, баталјонот „Мирче Ацев“, (18 Август 1943 година), ден кој се слави како празник на Армијата на Република Македонија.

Во таа чест се поклонивме и положивме свежо цвеќе пред Споменикот на местото каде е формиран баталјонот. Денешниот ден е и ден во кој не смееме да ги заборавиме сите оние кои загинаа и кои ги положија животите за својата татковина, Македонија. Вечно нека се памети нивниот пример за тоа како се сака и како се брани сопствената земја. Од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Дебрца на сите припадници на Армијата им го честитам 18-ти Август – Денот на македонската Армија, истакна градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

За значењето на историскиот настан зборуваше претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.

OhridNews