Во Белчишта, Дебрца, во понедeлник, 22 мај, ќе се одбележaт денот на Натура 2000 и Светскиот ден на биолошката разновидност.
Настанот ќе го отвори министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, а поздравни обраќања ќе имаат и шефот на Делегацијата на Европската Унија Н.Е. Дејвид Гир и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачевски. Во продолжение, Даниел Богнер тим лидер на проектот и Ѓоко Зороски од граѓанската организација Екотуризам ќе објаснат повеќе за локалитетот Белчишко Блато како потенцијална Натура 2000 област, информираат од Министертсвото за животна средина.
Присутните, додаваат во сооштението, водени од организаторите и експертите ќе пешачат околу Белчишко Блато за да се запознаат со природните вредности на ова уникатно природно живеалиште и да дознаат повеќе за видовите кои живеат во него.
Настанот е во организација на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“. Корисник на проектот е Министерството за животна средина и просторно планирање, а го спроведува НИРАС со партнерите.
Инаку, Белчишкото Блато е веќе означено од Министерството за животна средина како идно Натура 2000 подрачје.
OhridNews