Согласно препораките за превенција од ширењето на коронавирусот Ковид-19 денес екипите на ЈКП “Дебрца” Белчишта, со помош на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид презедоа превентивни активности за дезинфекција на јавните површини во дел од населените места во општина Дебрца ( Велмеј, Лешани, Злести, Белчишта, Ботун, Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Оровник ).
Со средство за дезинфекција беа третирани главните сообраќајници и плоштадите, односно јавни површини по кои се одвива редовен превоз на патници и каде што има поголема фрекфенција на движење. – информира градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.
Во понеделник вакви превентивни активности ќе се преземат и во другите населени места, најави Ногачески..
Изразувам благодарност до екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ и Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески за помошта и соработката, а во интерес на заштита на здравјето на нашите граѓани. До граѓаните уште еднаш упатувам АПЕЛ максимално да ги почитуваат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство и да постапуваат во согласност со истите.
Јавното здравје е наша заедничка одговорност.
Од нас зависи ! порача градоначалникот на Дебрца.
OhridNews