Под покровителство на општина Дебарца, а во организација на „Астра дизајн“ од Охрид, на 27-ми јуни, ќе се одржи второто издание на фестивалот „Црешнобер“.

-Право на учество на фестивалот со народни песни имаат сите естрадни уметници од Република Македонија и Дијаспората. – информираат од општината.

Првото издание на фестивалот „Црешнобер“, се одржа минатата година во селото Требеништа. Манифестација има за цел да ја промовира црешата како заштитен знак и бренд на оваа област.

OhridNews