Резултатите на четиригодишното испитување на јавното мислење покажале дека богатите земји се посреќни од сиромашните, а најсреќна на светот е Данска, после која следуваат останатите скандинавски земји. Данска и во изминатите години била прогласувана за најсреќна земја на светот.


Испитани биле два фактори на благосостојбата, а од повеќе од илјада луѓе било барано да оценуваат на скала од еден до десет севкупното задоволство на нивниот живот. САД го зазеле 14-тото место, Велика Британија 17-тото, а франција 44-тото, што покажале дека парите не ја купуваат среќата.