Денес, во селото Црвена Вода, Дебрца одбележан јубилејот- 79 години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ, на трети октомври 1943 година, ден кој е и патронен празник на Општина Дебрца.
Манифестот на АСНОМ по своето историско значење е еднаков на Крушевскиот манифест, бидејќи сите подоцнежни асномски одлуки се инспирирани од него, со што слободно можеме да констираме дека извориштето на современата македонска држава е во Дебрца. Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја. И не само тука, во Црвена Вода, на денешен ден, туку и на Славеј Планина, каде што пред 79 години беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот “Мирче Ацев, во Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, Дебрца беше првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје, во 1944 година беше возобновена Македонската Православна Црква, во ликот на Охридската Архиепископија, велат во соопштението од Општина Дебрца.
Додаваат дека Дебрца долго време била на маргините, поради што луѓето си заминуваа, селата се празнеа.
Но, тоа не значи дека духот на нашите предци е исчезнат. Тој живее во сите нас и во нашата визија за Дебрца. Таа визија е да го промовираме еко капацитетот на Дебрца, да го унапредиме овој крај, да ја вратиме душата на Дебрца. Дебрца да остане чиста и незагадена и секогаш да пружа одмор, мир, чистота и револуционерност, не само на нас, туку и на сите добронамерници кои ќе ја посетат, потенцираат.
Затоа и во наредниот период, додаваат, упорно и посветено ќе се работи да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.
OhridNews