По повод празникот „Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден на 27 септември, недела, во храмот св.Климент и Пантелејмон на Плаошник, ќе се одржи богослужба на која ќе чиноначалствуваи Мтрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Поради пандемијата со Ковид 19, од Дебарско – кичевската епархија апелираат до сите кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на коронавирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.

OhridNews