Кризата и лошите резултати на актуелниот шампион во Серија А Интер најдобро ја искористи екипата на Рома. Волчицата врза пет победи по ред,  воедно триумфирше во дербито над Интер на Олимпико и изби на првата позиција по одиграни 33 кола во Серија А.


 
Рома како лидер на табелата ќе ги дочека  “пеколните“  пет кола од завршницата на  Серија А. На Олимпико џалоросите како “гостин“ ќе се сретнат со градскиот ривал Лацио, избраниците на Клаудио Раниери на домашно тло ги пречекуваат Сампдорија и Каљари додека гостуваат на Парма и во последното коло во Верона кај “летечките магариња“ Киево.


 Ќе имаат ли причина за радост?

34 коло Лацио – Рома
35 коло Рома – Сампдорија
36 коло Парма – Рома
37 коло Рома – Каљари
38 коло Киево – Рома
 
Бранителот на трофејот Интер по киксот во Фиорентина, серијата лоши резултати и згуснатиот распоред во Лигата на Шампиони,  полека но сигурно го “губи здивот“ во трката со Рома за Скудетото.  Нероазурите на Џузепе Меаца играат со најтрофејниот клуб во Италија Јувентус, Аталанта и Киево односно  три бодови ќе бркаат на гостински терен кај Сиена и Лацио.


Ќе остане ли титулата во нивни раце ?

34 коло Интер – Јувентус
35 коло Интер – Аталанта
36 коло Лацио – Интер
37 коло Интер – Киево
38 коло Сиена – Интер

Милан е најдалеку за освојување на 18-то Скудетото,  росонерите имаат и најтежок распоред во последните пет кола. Гостуваат кај претедентите за 4-то место Сампдорија, Палермо и десетто пласирната Џенова, на домашен терен Милан ќе се сретне со Фиорентина и Јувентус.

 
Дали ќе го прекинат постот?

34 коло Сампдорија – Милан
35 коло Палермо – Милан
36 коло Милан – Фиорентина
37 коло Џенова – Милан
38 коло Милан – Јувентус

Табела: Рома 68, Интер 67, Милан 64, Палермо 54, Сампдорија 54, Јувентус 51