Во четврток, 17 октомври, свечено ќе биде отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато во Општина Дебрца.

Општина Дебрца и Екотуризам 2016 Охрид работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да Ви го испрезентираме сработеното, посочуваат.

Отворањето ќе се одржи во 12 часот наспроти зградата на Општина Дебрца во село Белчишта.

Креираме вредности кои ќе ги поттикнат младите и локалното население да земат активна улога во заштитување на овој прекрасен предел и да придонесат кон подобрување на своите заедници, додаваат од Општина Дебрца и Екотуризам 2016.

OhridNews