Центарот за јавно здравје Охрид, во четврток, 26 јули,  ќе спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежјето од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, односно потегот на река Грашница и Коселска Река.

Се апелира до пчеларите и пчеларските задруги да преземат  соодветни мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  231 881; 230 231.