Од таму ги известуваат пчеларите да не ги пуштаат пчелите од кошниците во деновите кога ќе се врши запрашувањето против комарци.
Препаратите со кои ќе се врши запрашувањето не се штетни за луѓето и животните, односно за водата и почвата, информираат од Локалната самоуправа.
Според најавите, запрашувањето ќе се изврши авионски, во раните утрински часови. Од Регионалниот центар за јавно здравје, се со став дека авионското прскање може да биде ефикасно единствено ако се изврши, истовремено, и сувоземно прскање.