Советот на општина Охрид во четврток закажа седница на која ќе се расправа и одлучуваат по 37 Предлог одлуки.

Од нив 12 се однесуваат на Годишните извештаи за материјалното финансиско работење на основните и средните училишта на територијата на општина Охрид, 12 Предлог одлуки за усвојување на Годишната програма за работа на основните и средните училишта, 2 Предлог одлуки за утврдување потреба од изработка и донесување на локална урбанистичка планска документација, додека 6 Предлог одлуки се однесуваат на разрешување и именување на членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија „ Охридски Комуналец “ и „ Билјанини Извори“, како и Предлог заклучокот за престанок на мандат и верификација на нов мандат на член на Советот на општина Охрид.

На дневен ред на оваа седница се најде и Програмата за заштита на потрошувачите на општина Охрид за период 2011 – 2012 година.

OhridNews