Поради најавениот штрајк на вработените од Агенцијата за цивилно воздухопловство, на охридскиот и скопскиот аеродром  во четврток од 11 до 17 часот нема да има слетување и полетување на авиони. Во тој период единствено ќе биде овозможен прелет на авионите над македонска територија.

На ваков потег контролорите на летање се одлучиле по неуспешните преговори со владата во врска со најавите на Управата за јавни приходи за наплата на милионски суми од сметката на Агенцијата за цивилно воздухопловство инкасирани по основ на поврат на ДДВ. Вработените во агенцијата сметаат дека нема основа за таква наплата поради што најавија дека ќе штрајкуваат секој четврток, се додека УЈП не се откаже од своите намери.

Синдикатот на Контрола на летање најавија дека доколку биде потребно, за проблемот ќе ја ги запознаат и европските воздухопловни власти.

Ohridnews