Во рамки на свеченостите по повод годинешното одбележување на Денот на Патронот на Охрид, Свети Климент, во повеќе градски и приградски населби ќе биде одбележано завршувањето на неколку инфраструктурни проекти.
Во селото Подмоље, на свечен начин ќе биде пуштен во употреба новоизградениот пат и пешачката патека. На Булеварот „Туристичка“ кај локалитетот познат како „сино- бели згради“ ќе бидат предадени во употреба спортско и детско игралиште. Исти такви игралишта свечено ќе бидат пуштени во употреба и кај месноста „Стобекс“ во населбата Видобишта.
Чествувањето на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид годинава се одбележува со низа манифестации и пригодни свечености. Централното одбележување на празникот ќе биде во хотелот „Метропол“ каде ќе со почеток во 20 часот ќе се одржи свечена Академија. На Академијата ќе се обрати Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и ќе бидат доделени Свети Климентовите награди.
ohridnews