Осум години по објавувањето на книгата поезија „Чехопек” во Чешка е објавена втора книга од македонскиот поет Ристо Лазаров. Објавена е стихозбирката „Лавиринт” во познатиот, долгогодишен формат на овој поет – седум циклуси по седум песни.

Песните на чешки јазик ги преведе академик Иван Доровски, кој е автор и на предговорот на книгата, како и на биографијата на Лазаров. Книгата има 130 страници, а ликовното решение на корицата на книгата е Дагмар Доровски.

Издавач на ова втора објава на поетска книга на Ристо Лазаров, кој инаку е член на чешкиот ПЕН центар, е угледната издавачка куќа “Теибуна ЕУ”. Наскоро во Белград се очекува и објавување на најновата стихозбирка “Мрак” од Ристо Лазаров на српски јазик.

OhridNews