Претставата „Разведи ме/ Две нијанси црвена“ на театар „Провокација“ од Скопје, во режија на Роберт Ристов, вечерва ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Грличев“ во Охрид.

Претставите, ОЖЕНИ МЕ и РАЗВЕДИ МЕ, се две поглавја од Флип изданието со наслов „Две нијанси црвена“. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/ претстави кои се во нераскинлива врска и претставуваат лице и опачина, едната на другата.

Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите пред огледало. 

Улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото).

Претставата почнува во 20 часот. Влез 200 денари.

OhridNews