Околу четириест илјади луѓе учествувале во средата во Буњол во масовното гаѓање со домати, т.н. томатино, годишна забава која веќе 63 години се организира во ова село во близина на Валенсија.
Учесниците во борбата, бројни туристи од Азија, Велика Британија, САД, Германија, Русија и Франција потрошиле околу 120 тони зрели домати кои со камиони биле донесени сред село. Традицијата на одржување на „томатино“ кое секоја година се организира во последната среда од август потекнува од 40-тите години кога во ова село се скарале пријатели и почнале да се гаѓаат со зеленчук.
Оваа година во фештата учествувала и шпанската ватерполо репрезентација која во Пекинг го освои петото место на Олимписките игри.
ohridnews