Бројот на нови милионери во Бугарија во 2012 изнесува 95, така да нивниот вкупен број во таа година достигнал 649, во одност на 554 колку што имало претходната. Станува збор за лица чии депозити се со просечен износ од 1,25 милиони евра, соопштила бугарската национална банка.
Статистиката опфаќала депозити на домаќинства, непрофитни организации, индивидуални стопанственици и слободни професионалци, и не е можно прецизно да се објасни потеклото на ова зголемување, било наведено во соопштението кое го пренела француската агенција Ибифранс.