Тажна вест за љубителите на британските пабови е дека секој ден во земјата се затвараат по 5. Неделно клуч на вратата добиваат по 36 објекти. Во текот на 2007 година биле затворени 1409 пабови. Во Британија денес има вкупно 57.000, 12.000 помалку во однос на 1980 година кога имало 69.000 пабови.
„Илјадници многу познати и ценети пабови низ цела Британија до денес се затворени. Тие се центар на секоја помала заедница и се една од најзначајните туристички атракции во Британија“ – предупредува директорот на британското здружение за пиво и пабови, Роб Хајвард.