Врнежливото лето во Британија е можеби причина што британските градинари оваа година ги рушат сите рекорди со своите гигантски плодови. Најголемата тиквица на светот сега е онаа која ја одгледал Кен Дејд од Норфолк во Британија. Тежи неверојатни 65 килограми, а одгледувачот вели дека за тоа може да им заблагодари на влажното лето и пролет. За да ја внесат во сала, каде се одржувало натпреварувањето и мерењето на најголемиот зеленчук, биле потребни двајца мажи.
Кожата на новиот светски рекордер е набрана, грда и темна, па не би сакале да ја понудите на гости за вечера. Организаторите се надеваат дека оваа година ќе имаат уште некој рекордер. Очекуваат краставиците дека можеби ќе достигнат рекордна големина, а меѓу гигантите се и тикви крај кои децата навистина изгледаат ситни. Секоја година во Британија за да ја видат изложбат доаѓаат 30 000 луѓе, и сите остануваат вчудоневидени од глетката.