Континуираниот пад на цената на кокаинот доведе до тоа една „црта“ да биде поевтина од кригла пиво или чаша вино во ресторан или ноќен клуб, објавило британското министерство за внатрешни работи.
Во извештајот се наведува дека грам кокаин чини околу 22 евра, а ако се знае дека од еден грам се добиваат 20 дози, се донесува заклучок дека наркоманијата станува поевтина од алкохолизмот.
Од 1999 до 2004 година кокаинот поевтинел за една четвртина, што довело до тоа некогашната дрога за богати да ги истисне екстази таблетите од пазарот на таканаречените дроги за забава. Овој тренд продолжува, па кокаинот денес е за половина поевтин од 1999 година, анализира британското министерство за внатрешни работи..