Карам и Картари Чанд заедно имаат 211 години, а заедно се полни 89 години, и веројатно се најстариот брачен пар на светот. Се венчале во Индија во декември 1925 година, кога билсе многу млади, речиси деца. Брачниот пар Чанд, кој денес живее во Бредфорд, Англија, има осум деца, 27 внуци и многу правнуци. Минатата сабота ги прославиле своите родендени, тој својот 109, а таа својот 102, во друштво на брјните роднини, од кои многу дошле дури од Индија.

 

Нивниот син Пол изјавил дека тоа бил специјален ден за семејството. Среќа било да се соберат сите заедно. На прашањето која е тајната за долговечноста на неговите родители, Пол кратко одговорил „Живот без стрес“. Карам, кој пуши по едно цигаре на ден и кој пие чашка алкохол три пати неделно, вели дека јаде се што ќе посака, но умерено. Никогаш не престанал да ужива во животот. Заклучил дека минале убав живот. Секогаш биле заедно и посветени на семејството.