Во делта на реката Окванго во Боцвана во крдо од 80 слонови, фотографирано е розово слонче, беше објавено денес на сајтот на BBC.

Експертите веруваат дека слончето е албино, што е многу ретка појава меѓу африканските слонови и велат дека неговиот живот е загрозен поради јакото сонце кое може да предизвика слепило и кожни заболувања.


Албино слонвите, кои обично се розови или црвенкасти, до сега биле видени само два пати во националниот парк Кругер во Јужна Африка.

Членот од филмската екипа која правела емисија за природата, Мајк Холдинг, рекол дека слончето го виделе само на неколку минути, додека крдото ја минувало реката.

На една од фотографиите се гледа како слончето се крие од сонцето под неговата мајка.