Иако тврдел дека е највисок човек на светот, Супарвоно од Индонезија бил понизок од моменталниот сопственик на рекордот за пет сантиметри. По мерењето во болница му рекле дека е висок 2,71 метри, но индонезискиот музеј на рекорди го измерил и во лежечка и во стоечка положба.


Според нивните мерења, висок бил 2,41 метри, додека Султан Косен од Турција е висок 2,46 метри. Супарвоно така ја добил титулата највисок човек во земјата, но не и на светот. На ден јадел по три и пол килограми ориз и по околу 15 јајца. Свесен за својата висина станал уште на 10 години. Бил највисок во училиштето, како и во целото село иако имал само 10 години. Највисок човек во историјата е американецот Роберт Водлоу со 2,71 метри. Тој починал во 1940 година.