Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, a во Струга болнички се лекуваат 15 пациенти, информира Министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1165 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите. Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 692 пациенти, додека во Скопје 473 позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

OhridNews