Во водите на заливот Бока Которска е откриена германска подморница потопена пред повеќе од 90 години после капитулацијата на Австроунгарија. Подморницата која била потопена од сопствениот екипаж ја окриле екипи на американскиот брод Херкулес, регионалниот Завод за заштита на споменици и нуркачи од подводниот центар за деминирање.

Бродот Херкулес е во овие води за да им помогне на локалните власти во мапирањето и откривањето подводни археолошки локалитети. Подморницата е откриена откако од Херкулес била спуштен нуркачки робот во длабочините на морето.