Граѓаните на Виена кои го водат квартот на „црвените фенери“ планираат во близина на главниот град на Австрија да ја изградат најголемата јавна куќа во Европа. На едно, засега сеуште тајно место, во покраината Долна Австрија, треба да настане таканаречениот „ФанМотел“. Петер Ласкарис, еден од основачите на проектот, рекол дека тоа ќе биде како премин од мала продавница во супермаркет. Во проектот ќе бидат инвестирани околу 16 милиони евра, а во објектот на располагање ќе има 147 соби, како и простор за разонода од 2000 квадрати на вкупно 11 илјади квадратни метри.
Основачите на проектот очекуваат дека нивната установа дневно ќе биде посетувана од повеќе од 1000 мажи за кои ќе се грижат околу 150 жени. Исто така во комплексот ќе има и продавници, козметичар, фризер, фитнес сала, ресторани, солариум, но и лекарска ординација. За точната локација иницијаторите не сакале да зборуваат, поради страв од конкуренција, но нагласиле дека ќе биде на околу 20 километри од Виена. Проституцијата во Австрија е легална, но со закон с точно регулирано кој смее да ги дава и прима тие услуги, како и времето и местото каде најстариот занает на светот може да се извршува.