Скелет од мамут кој живеел пред 200 до 500 илјади години бил пронајден во близина на Париз, соопштил францускиот национален институт за превентивни археолошки истражувања.
Скелетот, кој е речиси целосно сочуван, содржел вилица, четири поврзани пршлени и рбет, бил пронајден во местото Шанжи-сир-Марн, во близина на Париз. Археолозите проценуваат дека мамутот бил стар помеѓу 20 и 30 години.