Автомобил полн со оружје бил пронајден во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, јавуваат српските медиуми.

Во автомобилот имало доволно оружје да уништи колона возила, пишува „Блиц“.

Како што соопшти српската полиција, оружјето било пронајдено во шума близу куќата на Вучиќ каде тој често престојувал.

Многу сме загрижени, но премиерот е на безбедно место. – изјавил министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

OhridNews
фото: „Блиц“