Јапонското министерство за рибарство пронајде високи нивоа на радиоактивен јод и цезиум во рибите уловени во близина на проблематичната нуклеарка во Фукушима, јавува агенцијата Кјодо

Еден килограм млада морска риба уловена крај гратчето Китаибараки во префектурата Ибараки содржел 526 бекерели на радиоактивен цезиум, 500 бекерели повеќе од дозволеното и 1.700 бекерели на радиоактивен јод.

Властите на Ибараки го повикаа локалното население  да престане да јаде риба, додека министерот за рибарство Мичихико Кано изјави дека владата ќе ги засили инспекциите на морските производи уловени во таа област.

Токиската електрична компанија и натаму вложува огромни напори да го сопре истекувањето на високо загадена вода во Тихиот океан. Од таму велат дека во примероци на морска вода, земена во близина на централата, биле пронајдени 7,5 милиони пати повисоки концентрации на радиоактивен јод од дозволеното.

OhridNews