Во Битола, денеска, ќе започне снимањето на документарно играниот филм со работен наслов “Последниот Македонец од Македонија…”. Режијата е на охриѓанецот Илија Пиперкоски, а продуцент на филнот е Снежана Лупевска.

Првата клапа ќе се снима во просториите на старата општинска зграда а сегашен објект на Преспанско – пелагониската епархија.

Филмот содржински го обработува Букурешкиот договор и настаните поврзани со него. Финансиран е од Филмскиот фонд на Република Македонија, а е во реализација на продукцијата „Тринити плус“.

OhridNews