Пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе има најдобар почеток. Во првото коло од втората полусезона во Битола на под Тумбе Кафеќе се сретнат најлутите ривали Пелистер – Вардар.


На македонското “Ел Класико“ присуствто најавија навивачите на Вардар, “комитите“, а атмосферата ја подгреа Фудбалската федерација на Македонија која даде зелено светло за патување на гостински навивачи.


“Чкембарите“ по завршување на првата полусезона веднаш започнаа да се спремаат за мечот со Вардар и пресметката со навивачите на “црвено црните“. Од битолскиот табор најавуваат вистински спектакл, а тоа веќе го направија еднаш кога Вардар гостуваше во Битола во 1/4 финалето од Купот на Македонија.


Тогаш гостински навивачи немаше бидејќи ФФМ на тој меч не дозволи патување на “комитите“ во Битола. Натпреварот се игра в недела во 14 часот.

Мх.П.