На синоќа одиграниот натпревар во спортската сала “Билјанини Извори“  помеѓу репрезентаците на Македонија и Кореа, на полувремето од страна на засега непознати сторители нападнат беше новинарот на Дневник, Горан Антевски.

Нападот се случи во под трибинскиот простор кај прес центарот. Откако забележал силно тропање на вратата, одговорниот во прес центарот ја отворил вратата при што се групата се втурнала во салата.

По кратката расправија  групата го нападна и удри новинарот кој заработи удар во пределот на главата.

Зачудувачки но нем посматрач на сета оваа ситуација беше приватното обезбедување како и редарите од полицијата кои треба да се грижат за редот и мирот во салата.

Случајот веднаш беше пријавен, а екипа  на МВР дојде на увид на лице место.

ohridnews