Охридските ракометари во спортската арена „Билјанини Извори“ со почеток од 19:30 часот ќе одиграат контролен натпревар со Пелистер од Битола.
Влезот за натпреварот, кој ќе биде прв за охриѓани пред домашната публика во новата година е бесплатен.
Пред една седмица првата средба меѓу овие два тима одиграна во Битола им припадна на „чкембарите“ со 30-25.
Мх.П.