Појавувањето во долна облека на ниски температури и „играњето“ во нечисти бари е сигурен начин да привлечете внимание. Возачите во Русија останале вчудоневидени кога виделе необична забава на неколку девојки покрај патот. Имено, група манекенки во Новосибирск одлучиле на необичен начин да укажат на лошата состојба на патиштата во овој голем руски град.
Тие се соблекле во бикини, поставиле лежалки покрај патот и играле одбојка во барата, како би го свртеле вниманието кон дупките на патиштата. Анастасиа Димитри, една од девојките кои учествувале во протестот, рекла дека барите на патиштата се огромни, и дека треба само да купите лежалки да ги ставите од страна и да „уживате“. Дали оваа акција ќе успее, ќе покаже времето, а доколку ве интересира, за време на протестот температурата изнесувала 5 степени Целзиусови.