Изминатиов период во Бигорскиот манастир, изработен e нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов “Сега е Свет и Велик Пост”.

Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, блиска до мијачките обичаи. Песната во спотот ја изведува верниот чувар на нашата културна традиција, Ансамблот “Македонија”.

Режијата и монтажата е на Горан Костадинов, камера: Александар Ивановски, Кристијан Теодоров, дрон: Небојша Петревски.