Бебе тешко шест килограми било родено во една болница во Берлин. Медиумите пренеле дека станува збор за момче кое на свет дошло по природен пат. На неговата мајка ова и било 14 породување. Лекарот Волфганг Хенрих рекол дека според податоците, во Германија претходно не било родено толку тешко бебе без царски рез.

Мајката на ова бебе, идентификувана само како Елфи Ј. имала 240 килограми и патела од гестационален дијабетис, но и понатаму не се одрекувала од слатката храна, било наведено во соопштението на болницата. Момчето, кое добило име Џихад, ќе им се придружи на неговите девет браќа и четири сестри, од кои тројца на раѓањето тежеле повеќе од пет килограми.