Скапите бебешки колички се повеќе се мета на крадците во германскиот главен град Берлин. Портпаролот на берлинската полиција ги потврдил медиумските тврдења и рекол дека стапката на кражби на колички е во постојан пораст.
Најтешко е погоден квартот Пренцлауер Берг, но исто голем е бројот на кражби и во централното подрачје на градот. Количките најчесто се крадат од влезовите на зградите, како и од дворовите на куќите.