Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека во земјата е прогласено високо ниво на опасност од тероризмот.

Во ек на ескалација прогласено е високо ниво на закана од тероризам. Затоа започнавме процедури за распоредување сили со Русија. Тоа во основа е составена од белоруската армија и е дополнето со единици на Руската Федерација, истакна Лукашенко.

Тој пред неколку дена изјави дека раководството на НАТО и некои европски земји ја разгледуваат можноста за агресија врз Белорусија, како и дека има и сценарио за употреба на нуклеарно оружје.

OhridNews