Преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина за решавање на кризата меѓу двете земји денеска започнаа во регионот Гомел во Белорусија.

Делегации на високо ниво од двете страни пристигнаа на местото на средбата покрај реката Припјат за да се обидат да преговараат за решавање во тековната криза, создадена откако Русија изврши инвазија на Украина.

Според кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, во составот на украинската делегација министерот за одбрана Олексеј Резников, шефот на парламентарната фракција на партијата Слуга на народот и заменик министер за надворешни работи. Делегацијата на Русија ја предводи поранешниот министер за култура Владимир Медински.

Украина денеска побара итен прекин на огнот на Русија и повлекување на војниците, додека нејзината делегација пристигна во Белорусија на разговори со руските преговарачи на петтиот ден од офанзивата на Кремљ.

Портпаролот на Кремљ соопшти дека Москва нема да ги соопшти своите позиции пред преговорите – Преговорите мора да се водат во тишина. Нема да ги откривам нашите ставови, рече Дмитриј Песков на денешната прес-конференција.

Белоруски министер им порача на руската и украинската делегација дека може да се чувствуваат сосема безбедно

Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи на почетокот на разговорите им се обрати на руската и на украинската делегација. Тој им посака добредојде и рече дека треба да се чувствуваат целосно безбедно.

Почитувани пријатели, претседателот на Белорусија ме замоли да ви посакам добредојде и да обезбедам сè за вашата работа, како што е договорено со претседателот (Володомир) Зеленски и претседателот (Владимир) Путин. Овде можете да се чувствувате сосема безбедно. Тоа е наша света должност, рече Макеи, пренесува Си-Ен-Ен.

Претседателот Лукашенко искрено се надева дека во текот на денешните разговори ќе биде можно да се најдат решенија за сите прашања од оваа криза. Сите Белоруси се молат за ова. Сите предлози, во однос на организирање на денешната средба, ќе бидат разгледани и апсолутно исполнети. Со нетрпение ги очекуваме резултатите, рече Макеи.

OhridNews

извор. МИА