На Саемот на книга што деновиве се одржува во Белград , на штандот на издавачката куќа „Филип Бишниќ “ ќе биде промовирана книгата „Блиска врска“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Препевот на српски јазик го направи српскиот поет Душко Новаковиќ.
Книгата ќе ја промовира Радомир Андриќ, поет, критичар, есеист и актуелен претседател на Друштвото на писатели на Србија.
Оваа е трета книга на Ѓорѓо- Димоски на српски јазик,по „Мерач речи“ („Мерач на зборовите“) 2010 и „Поље. Бојно поље?“ („Поле. Бојно поле?) 2011 .
Во ова издание содржани се две книги на Славе Ѓорѓо Димоски, „Форми на страста“ 1998 и „Темно место“ (Награда „Браќа Миладиновци за 2000 г.) 1999 , кои прават една тематска целина. Во основа двете книги како предмет на пеење ги имаат двата основни животни принципа, принципот на еросот (Форми на страста) и принципот на танатосот (Темно место). Во ова издание првпат се јавуваат како целина.
OhridNews