Во новоотворениот белградски хотел “Mr President” наспроти белградската меѓуградска автобуска станица, во еден од апартманите се наоѓа портрет на Адолф Хитлер во униформа од периодот на нацистичка Германија.

Политиката на хотелот како што вели директорот на хотелот Душан Забуниќ, е да секој гостин во склад со своите желби да избере во „чиј“ апартман сака да отседне, со оглед на тоа дека постојат и апартмани на Чаушеску, Кастро и Сталин, а посебно место во најлуксузниот апартман и припаѓа на сликата на Јосип Броз Тито. Во „Хитлеровиот“ апартман моментално отседнува гостинка од Германија, која според зборовите на директорот на хотелот рекла дека „ не се сложува со политиката која ја водел Хитлер, но ќе може на пријателите да им раскаже дека преспала во иста соба со Фирерот“. Оној на кого тоа не му се допаѓа може да избере апартман со претседател кој повеќе му се допаѓа. Сопственикот на хотелот признава дека помалку се плаши од реакциите на јавноста и дека е подготвен во случај на многу  негативни коментари да размисли за отстранување на одредени портрети. Меѓутоа, додава дека гостите на хотелот во најголем број случаи реагираат рамнодушно, затоа што однапред очекуваат декорација на собите со ликови од бивши или сегашни претседатели, па и најголеми диктатори. Со оглед на тоа што хотелот се уште не работи со полн капацитет, сопственикот вели дека подготвува уште некои изненадувања, а меѓу нив и апартман на Слободан Милошевиќ кој се уште не е во понудата.      

Јасминка Т. Момироска