Утре, во Белград, во Друштвото на писателите на Србија ќе биде промовирана најновата книга на Славе Ѓорго Димоски, „ Блиска врска“ Книгата ја објави Друштвото на писателите на Србија во превод на Душко Новаковиќ. За книгата ќе зборуваат Радомир Андриќ, Душко Новаковиќ и Адам Пуслоиќ.
Станува збор за второ претставување на книгата. Првото се одржа на Саемот на книгата во Белград во октомври, минатата година.
Книгата на Ѓорго Димоски ќе биде промовирана и во Нови Сад, во петок, во рамки на маѓународната манифестација Салон на книгата. Авторот ќе има можност да се сретне со Јован Зивлах во врска со меѓународните манифестации, како и да зборува за Струшки вечери на поезијата и да го пренесе значењето на манифестацијата за меѓународната сцена.
OhridNews