Во белгискиот град Бриж би отворен првиот музеј за пржени компири на светот, „Frietmuseum“. Во овој музеј посетителите можат да дознаат се за пржените компири, односно помфритот, како и се за историјата на ова популарно јадење.


Освен информациите за храната, вработените демонстрираат и како е најдобро да се пржат компирите и да се добие вистинското крцкаво доживување. Се водат и работилници во кои посетителите можат да научат како самите да го подготвуваат најдобриот помфрит.