Облечете се или платете казна. Под овој слоган градските власти во Барселона се обидуваат да ја отстранат голотијата на улиците во престолнината на Каталонија. Туристите кои во костум за капење ќе шетаат низ градот, ќе бидат пречекани со големи парични казни.

Градските власти одлучиле дека треба да се ограничи движењето на туристите по градските улици во костими за капење, бидејќи за нив веќе станало нормално од познатите плажи во Барселона голи луѓе да одат на разгледување на градските атракции. Поради тоа била донесена уредба според која костимите се дозволени само на плажите и базените, а оние кои нема да ја почитуваат оваа забрана ќе се соочат со казна од 300 д0 500 евра.