Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера.

Целиот сообраќај се одбиба по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали.

Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор.

Најмалку 20 работници паднале во вода по уривањето на мостот

Се смета дека најмалку 20 работници паднале во вода по уривањето на мостот во Балтимор, изјави за Би-Би-Си Кевин Картрајт од противпожарната служба на Балтимор. Тој претходно рече дека спасувачи трагаат по најмалку седум лица во реката Патапско.

Картрајт нагласи дека условите за спасување се несигурни бидејќи делови од држачите сè уште висат од мостот, што значи дека спасувачките тимови мора да работат многу внимателно. На местото на несреќата присутни се и нуркачи.

Превозната бродска компанија Синерџи марин Груп (Synergy Marine Group) потврди дека нејзиниот контејнерски брод под сингапурско знаме „Дали“ удрил во столб на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор.

Иако точната причина за инцидентот допрва треба да се утврди, можеме да потврдиме дека сите членови на екипажот се безбедни и нема извештаи за повредени, се вели во соопштението на компанијата.

OhridNews

Фото: Скриншот Х