Вработените во една руска автоперална останале изненадени кога ја испразниле правосмукалката и здогледале дијамантен приврзок вреден повеќе од 300 000 евра.


„Не знаев колку вреди приврзокот, па отишов во продавница за накит каде ми рекоа дека вреди повеќе од 300 000 евра. Кога го слушнав тоа, зинав до подот“, изјавил сопственикот на автопералната, Владимир Шапиро кој не сакал да открие детали за приврзокот затоа што сака да го врати на вистинскиот сопственик.