Во сообраќајна несреќа во Москва во која учествувал сужбениот автомобил марка BMW на претседателот на Русија Владимир Путин, загинал возачот на шефот на државата, пренесуваат тамошните медиуми.
Несреќата се случила на 2-ри септември, а во возилото во моментот не бил рускиот претседател. Руските медиуми пренесуваат дека во службеното возило удрило друго возило, по што тоа изгубило контрола, преминало на спротивна коловозна лента и директно удрило во автомобил марка „Мерцедес“ кој возел во спротивен правец. Несреќата ја снимиле надзорните камери на патот, а руските медиуми информираат дека возачот кој загинал на лице место имал 40 години и бил омилен на претседателот Путин.
OhridNews